Пик Сегед никако не може да се опорави од елиминацијата која Вардар му ја подготви во четвртфиналето во Лигата на шампионите. За ова доказ е убедливиот пораз од Веспрем за кого настапува Дејан Манасков во првата финална пресметка.

Македонскиот репрезентативец и неговиот тим на домашен терен славеа со убедливи 35-22, претходно на полувремето имаа негатива од еден гол 13-14 која најавуваше неизвесна завршница. Но Веспрем влезе со голема самодоверба за прва победа против Пик Сегед сезонава.

Манасков беше стрелец на четири гола, сите ги постигна во второто полувреме.