Нерешено со многу голови заврши првиот бараж натпревар во Германија за опстанок, односно за пласман во Првата лига. Штутгарт против Унион Берлин беше голем фаворит, но одигра само 2:2, и покрај тоа што два пати водеше. Сега реваншот ќе се игра на теренот во Берлин, а „швабите“ до крај ќе се „тресат“, додека Унион може да обезбеди прволигашки статус прв пат во историјата.

Штутгарт поведе со голот на Гентнер во 41. минута. Но радоста траеше само две минути затоа што Абдулахи успеа да израмни.

Во вториот дел одново домашно водство во 51. минута преку Гомез. Унион израмни со гол на Фридрих во 68. минута. На крајот Штутгарт и се спасуваше после две одлични шанси на гостинот.

Реваншот се игра во понеделник.