Нант никако не успева да се издигне, го запиша третиот пораз во низа, вкупно шестти сезонава. Тимот за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров на гостувањето кај Монпелје беше совладан со минимални 26-25 во дербито на 24. коло во францускиот шампионат.

Двата тима одиграа неизвесен натпревар, домаќинот на стартот на првиот дел имаше позитива од три гола, но Нант успеа да се врати во игра и на полувремето да замине со 12-12.

До 57. минута беше изедначено, Монпелје со два гола во низа поведе со 25-23 и до крај не му дозволи на противник да се избори за бод. Пред крајот Лазаров со четврттиот гол го постави конечните 26-25.

Нант остана на четвртото место, додека Монпелје се зацврсти на втората позиција која носи квалификации за ЛШ.

Лазаров четирите гола ги постигна од седум обид, три од нив ги реализираше во првото полувреме.