Аргентинскиот напаѓач, Емилијано Сала животот го загуби во авионска несреќа на патот кон Кардиф каде требаше да ја продолжи својата кариера.

По долго време во јавноста излезе неговиот последен разговор со семејството на 6. јануари, две недели пред кобниот ден. Сала не сакал да игра во Англија, барал да му најдат подобар клуб.

„Му пратив порака на Меси. Разговаравме и тој ми кажа дека Нант сака да ме продаде. Стигна понуда од Кардиф, ми нудат многу пари. Сакаат да си одам, договорот е добар, но од спортски аспект не ми понудија нешто интересно.

Пробаа на секој начин да ме решат. Не се плашам да одам таму, минав се во кариерата, барав од Меси да ми најде подобро место. Јас сум уморен од се, немам сили да се борам со претседателот Кита. Тој човек не ме поднесува, рече деа ќе ме продаде во Кардиф, бидејќи нудат голема сума на пари. Сака да ме продаде, не ме ни праша, не го интересира ништо друго освен парите.

Не знам што да правам. На никого не му е гајле за мене и за моите желбу. Тешко ми во овие моменти имам впечаток дека малку луѓе биле во мојата позиција“, рекол Сала.