Откако денеска и официјално се знае дека Вардар ова лето нема да игра во Европа поради недобивање на лиценца, сега и четвртиот и петтиот на табелата излегуваат во Европа. А тука свои сметки имаат дури четири екипи, а најблиску до евро излез е Македонија ЃП со оглед на тоа дека има најлесна задача.„Лавовите“ треба да ја победат само Победа и готово е. Исто и Работнички е начисто и сам си решава, а тоа е само бод или триумф над Шкупи, може и со пораз но тогаш треба од другите мечеви да чека фантастични резултати кои ќе му одат во прилог. Најреално е Работнички да победи или ремизира со Шкупи, Шкендија да ја победи Ренова и да покаже на крај зошто е шампион или пак во најлош случај ремизира и на крај Македонија ЃП да слави над Победа. На крај да кажеме дека во случај на ист број бодови решава меѓусебниот скор, во случај на ист број бодови на три екипи тогаш се прави мини – табела.

Последното 36. коло во ПМФЛ, како што е познато се игра во недела со почеток во 16:30 часот.

 

ТАБЕЛА

  1. РАБОТНИЧКИ 46
  2. ШКУПИ 45
  3. РЕНОВА 44
  4. МАКЕДОНИЈА ЃП 44

 

 

ДВОЈКИ ЗА 36. КОЛО

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП

 

РАБОТНИЧКИ ВО ЕВРОПА – АКО…

-Победи со Шкупи

-Ремизира со Шкупи

-Загуби, но тогаш не смеат да победат Ренова и Македонија ЃП.

 

ШКУПИ ВО ЕВРОПА – АКО…

-Победи со Работнички

-Освои бод со Работнички, но тогаш не смеат да победат Ренова и Македонија ЃП

-Загуби од Работнички, но тогаш Ренова и Македонија ЃП мора да загубат

 

РЕНОВА ВО ЕВРОПА – АКО…

-Победи со Шкендија, но тогаш не смеат да победат Шкупи и Македонија ЃП

-Победи со Шкендија, мора да загуби Работнички а Македонија ЃП да не победи

 

МАКЕДОНИЈА ЃП ВО ЕВРОПА – АКО…

-Победи со Победа и се е готово

-Освои бод со Победа, тогаш Шкупи и Ренова мора да загубат, зошто во случај на мини – табела меѓу овие Македонија ЃП, Шкупи и Ренова, „гипсарите“ се најдобри