Ајакс летоска ќе остане без неколку главни фудбалери меѓутоа не мора да се грижи за својата иднина. Спремен е да лансира нова плејада на играчи кои ќе ги бранат неговите бои и да носат успеси. Еден од нив е 15-годишниот Наџи Унувар, фудбалерот кој воодушевува во младинските категории и му се предвидува убава иднина.

Унувар е член на холандската репрезентација која на неодамнешното Европско првенство за играчи до 17 години се закити со титулата, а Унувар даде гол во финалето со Италија. Тој со 15 години беше најмладиот фудбалер што дал гол во финале на ЕП У17.

Наџи стави потпис на договор до 2022 година со опција тој да биде продолжен со далеку подобри услови кога ќе стане полнолетен! Ова е направено за да се оттргнат клубовите „грабливци“, а им го земат од пред нос големиот талент. Тој игра на позицијата плејмејкер, а неговата специјалност се да ги разигрува напаѓачите, а често дава и голови. Toa e фудбалерот кој треба да го наследи Душан Тадиќ.