Фудбалерите на Партизен го спречија лутиот ривал Црвена Звезда да стигне до двојната круна. Вечерва „црно-белите“ го освоија Купот на Србија откако во финалето ја победија Звезда со 1:0 и тоа на „Рајко Митиќ“ со гол во 13. минута на Бојан Остојиќ откако претходно погреши голманот на „црвено-белите“ Милан Борјан.

На тој начин Партизан четврти пат по ред го освојува Купот на Србија, а втор против Звезда во тој интервал. Како и во 2017 година, пехарот го донесе дефанзивец: после Миленковиќ, на сцената стапи Остојиќ.

Исто така тоа е прв трофеј на новиот тренер на Партизен Саво Милошевиќ кој пред некој месец го презема тимот од Хумска.

А Звезда не успеа да ја освои „двојната круна“ по пауза од 12 години. Со освојувањето на шампионската титула „црвено-белите“ имаа желба да ја заокружат успешната сезона и со Купот меѓутоа тоа не се случи.