Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ заедно со Владимир Георгиевски денеска заминаа за Минхен. Во баварскиот град во сабота ќе се одржи Генерално Собрание на ФИБА Европа на кое ќе се бира нов претседател.

Кандидати за оваа позиција се досегашниот лидер, Тургај Демирел, Генералниот секретар на Српскиот кошаркарски сојуз, Дејан Томашевиќ и Сирил Куманс.
Претпоставуваме дека Антиќ својот глас ќе го даде за Томашевиќ, кој пред скоро време беше во Скопје по повод 80. роденден на Лазар Лечиќ.
Томашевиќ е еден од првите кој испрати честитки откако Перо и официјално стана прв човек на мак-баскетот. Инаку за новиот претседател на КФСМ ова е прва меѓународна мисија.