Секој ден – нов клуб кој го посакува нашиот дијамант во нивните редови. Изминатиов период слушавме и читавме за многу светски гиганти кои посакуваат во летниот преоден рок да го ангажираат Елиф Елмас. Фенербахче ја набилда неговата оштета која од 8.000.000 евра сега порасна на 23.000.000 евра.

Турците се надеваат дека добро ќе заработат од Елмас иако посакуваат тој да остане во Истанбул уште една година. Сепак попладнево во медиумите од Италија излезе веста дека и Наполи влегува во трката за Елиф Елмас.

„Наполи има конкретен интерес за Елиф Елмас. Тој е нешто слично како Фабијан Руиз. Иако има 19 години тој зад себе има сезона од 39 настапи за Фенербахче во сите натпреварувања“, е изјавата на новинарот Џанлука ди Марзио кој ваќи еден од оние чии што најави често се остваруваат. Најавата за трансфер на Елиф Елмас во Наполи доаѓа во моментите кога тренерот Карчо Анчелоти е во преговори за нов договор со клубот од Неапол.