Најголемата ѕвезда во екипата на Барселона, Лионел Меси, одлучил да се обиде и во модниот бизнис. Така менаџментот на Лео Меси ќе ги здружи силите со компанијата МГО за да создаде своја колекција на облека. Новиот бренд облека ќе биде во спортски стил и ќе биде претежно за мажи.

Креативен директор на МГО ќе биде Џини Хилфигер, сестра на познатиот американски дизајнер Томи Хилфигер. Компанијата на Меси ќе биде претставувана од помалата сестра на ѕвездата, Марија Сол Меси.

Првата колекција на новиот моден бренд ќе се продава од јули оваа година и ќе може да се купи онлајн на интернет.