Поранешниот првак на Англија, Лестер Сити е блиску до ангажман на ветеранот Арјен Робен, пишува „Дејли Мејл“. Холанѓанецот станува слободен фудбалер откако не доби нов договор од Баерн и го напушта германскиот првак по долги години поминати во Минхен.

Меѓутоа за него се прашува и екс клубот ПСВ кој што силно сака да го врати во своите редови.

Робен веќе играше во Премиерлигата, во дресот на Челзи каде што беше дел од 2004 до 2007 година.