Пред две недели Струга Трим Лум го официјализираше првото место во Втората лига – Запад и со тоа и дефинитивно се знае дека следната сезона за првпат ќе игра во елитната лига на Македонија. Со оглед на тоа дека во сабота се игра последното коло, Струга Трим Лум подготвува спектакл пред и после соседското дерби со Лабуништа, специјална програма која ќе трае неколку часови, главно секако дека ќе биде добивањето на пехарот од страна на ФФМ за првак во Втората лига – Запад. Она што е многу поважно е тоа дека клубот првата цел од проектот „СТРУГА ТРИМ ЛУМ ВО ПРВАТА ЛИГА“ ја исполни, сега на ред е вториот дел, а тоа е клубот да се избори за статус во елитата со кој нема да има проблеми со опстанокот.