Поранешниот тренер на Јувентус Масимилијано Алегри ја “тргна завесата” околу една од најактуелните теми во Италија во последните неколку недели: Кој ќе го наследи како тренер во Торино.

Италијанскиот стручњак денеска во еден локал во северна Италија го посочи името (иако индиректно) на Хосеп Гвардиола како следен тренер на “бјанконерите”.

Долгогодишниот тренер на “Старата Дама” бил забележан во нов ресторан од еден фан на Јуве кој во кусиот разговор му го поставил најчестото прашање во последно време. Алегри од своја страна не посочил конкретно име, но неговиот одговор бил повеќе од елоквентен: “Тој од Манчестер доаѓа”.

Зборовите на Алегри целосно ги потврдуваат гласините од последните денови, кои се поврзани со актуелниот менаџер на Манчестер Сити како наследник на Алегри во Јувентус.