Манчестер Ј. тргна по Џејдон Санчо од Борусија (Д), а „милионерите“ почнуваат да размислуваат за вистинската цена за неговата слобода. Некои информации од клубот велат дека Борусија (Д) би го продала Англичанецот во Јунајтед за сума не помала од 65 милиони евра.

Ако „црвените ѓаволи“ се расположени да ја платата оваа сума, со парите добиени од трансферот на Санчо, бундеслигашот планира да го купи Малком од Барселона, но и уште еден стопер. Во германските медиуми се споменуваат имињата на Ругани, Умтити и едно од најветувачките имиња во Бундеслигата за последната сезона, дефанзивецот на Лајпциг, Французинот Упамекано.