Откако стана јасно дека Олимпик (М) ќе мора да бара нов тренер за следната сезона по оставката која си ја поднесе актуелниот предводник на тимот, Руди Гарсија, во Франција веќе се зборува за најсериозниот кандидат за тренерското место на „Велодром“.

Во моментов на врвот на листата на извршниот директор Андони Зубизарета е Андре Вилаш-Боаш. Португалецот кој од 2017 нема никаков тренерски ангажман, деновиве бил контактиран од Зубизарета и наскоро треба да седне на преговори со Французите.

Последниот тренерски ангажман на Вилаш-Боаш беше оној во Кина, каде и не се снајде најдобро на кормилото на Шангај, откако претходно две сезони помина во руски Зенит.

Инаку Португалецот пред да замине во Русија во 2014 година беше на мета на Олимпик (М), но тогаш се одлучи за руската понуда.