Викендов на улиците на монденското Монте Карло, се вози големата награда на Монако во Формула 1. Години и децении наназад, ова е најгламурозната трка во една календарска година. Вчера започна со загревањето, а трката се вози во недела со почеток во 15:10 часот. Ова е шеста трка во сезонава, досега болидите на Мерцедес беа доминантни. Тесните улици на Монте Карло, јахтите на богатите, познатите фаци и секако Хамилтон, Фетел, Ботас и останатите возачи му даваат посебен шмек на Монте Карло кога се одржува Формула 1 викендов, кој ќе биде прв по заминувањето од овој свет на легендарниот Ники Лауда.

Инаку најбрз на првиот тренинг во Монако беше Луис Хамилтон. Тој оствари време од 1:12.106, а втор беше Макс Ферстапен од Ред Бул со запостанување од 0,059 секунди. Трет заврши Валтери Ботас од Мерцедес.

Хамилтон возеше со болид на кој беше напишана порака: „Ти благодарам Ники“ како почит кон трикратниот шампион и некогашниот шеф во Мерцедес.