Кевин Дурант нема да биде подготвен за настап ниту на стартот на финалната серија од НБА плеј-офот. Ова денеска го потврдија од Голден Стејт.

НБА финалето ќе стартува на 30 мај, но една од главните ѕвезди во составот на шампионот и натаму е далеку од завршена рехабилитација. Дурант ја лекува повреда веќе 2 недели и се уште не може да се каже дека наскоро ќе биде „фит“.

Последните прегледи направени деновиве покажаа дека за првиот меч од финалето тој сигурно отпаѓа, а голема е веројатноста да не игра ниту на вториот меч.

„Во оваа фаза можам да кажам дека очекувам да се врати во финалето во одреден момент. Ова е нашата претпоставка. Тој ќе продолжи со својата рехабилитација и се надевам дека неговата состојба ќе се подобри “, рече тренерот Стив Кер.