Одличната сезона на Зекирија Рамадан на клупата на косовскиот прволигаш Фероникели е заокружена со двојната круна. После првенството кое го освои пред неколку дена победувајќи ја Приштина во директната пресметка, денеска Рамадан со својот тим го освои и Купот, со победата над Трепча од 5:1 во финалето.

Со тоа Рамадан имаше импресивна сезона во клубот кој го превзеде на почетокот на сезоната.  За него ова беше втор трофеј во првенството, и прв во Купот на нашиот северен сосед.

Рамадан минатата година го предводеше тимот на Шкупи до излез во Европа.