Со победа од 2:1 над екипата на Тулуз, фудбалерите на Дижон изборија бараж меч за опстанок во француската Лига 1. Во завршното сезонско коло кога веќе беше решено прашањето за екипите кои одат во европските купови и секако прашањето околу името на новиот (стар) шампион ПСЖ, остана само уште битката за „преживување“.

Каен кој имаше се во свои раце на домашен терен да ги освои бодовите и да го испрати Дижон во Лига 2, дозволи да загуби пред своја публика од Бордо со 1:0 и со тоа да си потпише „смртна пресуда“. Каен заедно со Гингамп се сели во Лига 2, додека Дижок ќе има бараж за потврда на опстанокот.

На врвот, Олимпик (М) со победата од 1:0 над Монтпелје само направи скок од една позицијата на табелата до конечното 5. место кое не ги носи во Европа, додека шампионот ПСЖ си дозволи луксуз да загуби на гостувањето кај Ремс со 3:1.

Standings provided by Sofascore LiveScore