И два дена по освојување на Куп-титулата емоциите не стивнуваат во таборот на Академија Пандев. Овој тим на Струмица и го донесе првиот пехар, пиша клупска историја.

Секако најгорд е тренерот Југослав Тренчоски, испрати емотивна порака до своите момци нарекувајќи ги супер-херои…

„Лесно ми е мене и на мојот стручен штаб кога ве имам вас. Заеднички освоивите историско трето место во ПМФЛ, освоивте прва историја Куптитула за Струмица. Имаше моменти на падови и подеми, на тага и радост, но вите сте единствени, уникатни, знаевте кога треба силно да ја зграпчите шансата. Ви благодарам на супер успешната сезона 2018/19, сега не чекаат нови предизвици. Едно запомнете засекогаш: Вие сте СУПЕР ХЕРОИ, ви се поклонувам играчишта“, пиша Тренчоски.