Еурофарм Работник брзо се опорави по поразот од Вардар во минатото коло. Битолскиот состав на гостувањето кај Пролет не се штедеше со совлада со убедливи 16-30 (7-15) во првиот меч од деветото коло од плеј-офот во Супер-лигата.

Неизвесна борба имаше само во првите десет минути, гостите ја зацврстија одбраната, а во нападот беа поефкасни, па на полувремето заминаа со позитива од осум гола 7-15.

Ѓукиќ со 9 гола го предводеше Еурофарм Работник, кој ја стави печат на пласманот во СЕХА-лига, на другата страна Андоновски имаше шест погодоци.