Во Бања Лука денеска се одржува собранието на АБА кошаркарската лига на која се очекува да бидат решени некои од жешките проблеми кои го зафатија регионалното натпреварување по годинешната финална серија меѓу Будуќност и Црвена Звезда.

На состанокот се присутни преставниците на Цедевита, Црвена Звезда, Партизан, Будуќност…, а се очекуваат неколку крупни одлуки. Покрај учеството на Олимпијакос и Панатинаикос, ќе се разговара и за проширување на лигата, но и за сето она што фрли црна дамка врз АБА лигата, поточно финалната серија меѓу Будуќност и Црвена Звезда. Најавите велат дека на ова собрание нема да се договара учество на клубови од Косово во натпреварувањето.

Според информациите од Бања Лука, собранието заглави на првата точка од дневниот ред, затоа што преставникот на Будуќност не се откажува од барањето за поништување на финалната серија од плеј-офот во која победи Црвена Звезда со 3:2. Неофицијално, АБА ги казнила преставниците на двата клуба со по 10.000 евра.