Иако во недела се игра последното коло од тековниот шампионат, за Шкендија се чини дека сеоната 2018/2019 заврши. По минатонеделното прославување на титулата и победата над Академија Пандев, најголем дел од играчите добија одмор. Тоа значи дека на дуелот со Ренова ќе играат младинците, ќе играат оние кои во сезоната имаа помала минутажа, ќе игра и Марјан Радески кој полека, но сигурно се враќа во посакуваната форма и пред настапите за нашата репрезентација.

Дуелот со „гипсарите“ за Шкендија освен престиж, нема никакво резултатско значење. Од друга страна пак Ренова се уште гаи надежи дека има шанси да излезе во Европа, но и да слави над Шкендија ќе мора резултатите од останатите мечеви да и се погодат.