Вчера во Кочани на стадионот „Никола Мантов“, се одигра финалето во Купот на Македонија за жени. Екипата на ЖФК Драгон со 3:1 славеше над ЖФК Тиверија, па така заслужено го освои и големиот пехар. Головите за победничката екипа ги постигнаа Дервиши, Нацева и Живиќ а единствениот гол за поразениот тим беше дело на Димоска, интересно е што струмичанки први поведоа и тоа во 3.минута, но потоа дојде до израз квалитетот на освојувачот на пехарот.