Манчестер Сити ова лето би можел да остане без една ѕвезда во нападот и тоа за рекорден трансфер. Според германското издание „Зидојче цајтунг“ претседателот на Баерн Минхен Ули Хенес сака во Германија да го врати Лирој Сане, еден од напаѓачите на Сити и со тоа да го засили офанзивниот ред по заминувањето на тандемот Рибери-Робен.

Сити го купи Сане во 2016 година од Шалке за 40 милиони евра, а сега го проценува на 90 милиони евра иако оваа сезона не се наигра премногу покрај Бернардо Силва и Рахим Стерлинг кои имаа приоритет на крилните позиции во тимот, па дури и Ријад Марез добиваше поголема минутажа во однос на Сане.

23-годишниот фудбалер не успеа да му се наметне на Гвардиола, па нема да е чудно летоска да го видиме во друг клуб, поточно во Баерн кој претходно објави дека планира да потроши 80 милиони евра за квалитетен офанзивец во текот на летото.

Ете шанса за Сане да се врати во Германија и да заигра за најтрофејниот клуб од оваа земја.

А според сумата Сити повторно би го соборил рекордот по продажба на фудбалер.