Грчкиот интернационалец Јанис Антетокумпо за краток период стана голема ѕвезда во НБА лигата. Играчот го предводеше Милвоки Бакс до финалето на Источната конференција (дуели со Торонто за влез во големото финале), а речиси на секој меч е најдобар поединец. Тој вторпат се најде во првата петорка на НБА лигата, а Милвоки веќе му спрема неверојатен договор: петгодишна соработка со вкупна вредност од 247,3 милиони долари кој би почнал да важи од сезоната 2021/22.

Подетално, Гркот со нигериско потекло треба да добие 42,6 милиони долари во првата, 46 милиони во втората, 49,5 милиони во третата, а 52,9 милиони во четвртата сезона и во последната 56,3 милиони долари.

Тоа е најдолгиот договор во НБА лигата, а цифрите се огромни.

Антетокумпо има нигериско потекло, а како дете заедно со брат му продавал сувенири на улиците на Атина. Почнал да тренира и игра кошарка во локален третолигаш, а потоа среќата му се насмевнала и добил повик во НБА лигата каде денес е огромна ѕвезда.