Попладнево, со мечевите од последното коло во Втората Лига – Запад, се става крај на сезоната во ова натпреварување. Секако дека во центарот на вниманието ќе биде Струга каде се среќаваат Струга Трим Лум и Лабуништа. Дерби кое освен за престиж нема никакво резултатско значење. Стружани пред неколку кола изборија прволигашка „виза“. Ова коло ќе биде најнтересно во поглед на тоа која екипа ќе заврши како осма и директно ќе испадне во Третата лига.

Тетекс сега е осми, има бод помалку од Кораби и му гостува на Влазерими. Тешко гостување за „штофарите“. Сепак Тетекс и да победи не му е гарантиран опстанокот зошто Кораби игра дома со Скопје, „пиратите“ се сигурни и сигурно дека нема да играат со сите сили за некој трет клуб. Па така се чини дека Тетекс да остане во лигата е рамно на научна фантастика. Но во Македонија нели се случуваат чуда, барем во фудбалот.