Денеска со почеток од 16:30 часот се игра последното коло во Втората Лига – Исток. Се е решено, освен можеби Плачковица да си ја бара шанса некако да дојде до шестото место на табелата, а игра дома со Кожуф. Секако дека дербито се игра во Велес каде Борец, кој следната сезона ќе игра во Првата лига го дочекува Тиквеш, тим кој пак преку бараж ќе „брка“ пласман во елитата. По мечот велешани ќе го добијат пехарот а се очекува мераклиски дуел на две силни екипи на задоволство на публиката. Брегалница му гостува на Партизан (О), додека Кит Го оди во Неготино. Вчера Детонит со 2:1 го победи составот на Саса.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА 16:30 Ч

БОРЕЦ – ТИКВЕШ

ПАРТИЗАН (О) – БРЕГАЛНИЦА

ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ

ВАРДАР (Н) – КИТ ГО

ВЧЕРА

ДЕТОНИТ – САСА 2:1