Аргентинскиот напаѓач, Пауло Дибала изјави дека сака да остане во Јувентус иако оваа сезона не се изнаигра. Голем дел од натпреварите ги преседе на клупата за резервни играчи и веќе долго време се шпекулира дека до крајот на оваа сезона ќе го напушти Торино и ќе побара нов клуб.