ПСЖ го запишаа четвртиот пораз во последните девет меча во францускиот шампионат, двапати одиграа без победник, додека на три дојдоа до победа.

Тимот на Томас Тухел сезоната ја заврши со 91 бод, иако на крајот можеше да ја мине 100-та. „Светците“ не ги исполнија очекувањата, не успеаја да дојдат до финалето во ЛШ и да го освојат Купот, единствена утеха е шампионската титула во Лига 1.

ПСЖ синоќа беше поразен од Ремс со 3-1, а најголем трагичар беше Џиџи Буфон.

Легендарниот италијански голман првиот гол го прими меѓу нозе, лоша реакција имаше и за вториот гол, на крајот во судиското продолжение непотребно и неискусно истрча напред.