Хокеарите на Финска и Канада ќе играат во големото финале на светското првенство во хокеј на мраз во Словачка. Во денешните полуфинални дуели, хокеарите на Финска со минимални 1:0 ја совладаа Русија, додека во второто полуфинале Канада се прошета на дуелот со Чешка совладувајќи ја со убедливи 5:1.

Финците во полуфиналето беа подобри од рускиот национален тим благодарение на голот на Марко Антила во 51. минута од средбата. Канадската победа во полуфиналетобеше многу полесна.

 


Канаѓаните го победија чешкиот тим со головите на Марк Стоун, Дарнел Нурсе, Пјер-Лук Дубоа, Кајл Турис и Том Чабот . Единствениот гол во чешката репрезентација беше дело на Томаш Зогорн.

Финалниот меч меѓу Финска и Канада ќе се одигра утре.