Љубителите на Формула 1 ќе можат да уживаат во трката во Монте Карло, но за многу возачи и тимови ова ќе биде тажен викенд. Пред неколку денови почина легендарниот возач Ники Лауда, а еден од најдобрите возачи на сите времиња речиси да не пропушташе трка и постојано беше во гаражите на Мерцедес и Ферари.

Во Мерцедес Лауда ќе има посебно место, а на посебна полица заедно со слушалките е ставено и неговото капче кое таму ќе стои засекогаш.