Откако стана јасно дека Масимилијано Алегри ќе го напушти италијанскиот шампион Јувентус се повеќе се шпекулира околу тоа каде би можел да ја продолжи кариерата. Според „Тутомеркатовеб“ извршниот директор на Милан Иван Газидис му се јавил на Алегри за да ја види расположеноста на италијанскиот стратег да се врати на клупата на „росонерите“.

Алегри од 2010 до јануари 2014 година го предводеше Милан и го донесе скудетото на „Сан Сиро“ во 2011 година, а потоа беше отпуштен од тогашниот претседател Силвио Берлускони. Тој отиде во Јувентус и освои пет едноподруго шампионски титули во Италија. Сега ќе биде слободен агент, а се поврзува со клупата на Тотенхем ако Маурицио Покетино си замине или на Баерн Минхен на местото на Нико Ковач како и на Рома.

Јасно е дека Милан ќе го отпушти Џенаро Гатузо ако не биде обезбедено место во ЛШ, а освен него веројатно заминуваат и директорите Леонардо и Паоло Малдини.