Барселона и Валенсија во различни расположенија влегуваат во финалето на 117. издание на Купот на кралот и тоа е основна работа која наговестува неизвесен натпревар со голови на двете страни, па ГГ3+ стапува на сцена како прва опција.

Да тргнеме од Валенсија. „Лилјаците“ на половина од првенството изгледаа изгубено, заглавени на средината на табелата со 10 бодови помалку во однос на Севиља и Лигата на шампионите и на хроничен удар на навивачко незадоволство. А потоа избраниците на Марселино од коло во коло почнаа да го креваат квалитетот на игра и на волшебен начин стигнаа до четвртото место и учество во најсилното клупско натпреварување, како и до полуфиналето на Лига Европа.

ШПАНИЈА – Куп на кралот (финале)

БАРСЕЛОНА – ВАЛЕНСИЈА
Сабота, 21.00 (Севиља)
Шифра: 4061

Наши предлози
ТГГ          ГГ3+       1,85
КТ           1              1,60
* Квотите подлежат на промени

Значи, на стадинот „Бенито Виљамарин“ во Севиља доаѓаат со набилдана самодоверба и без никаква оптеретеност од резултатот – што и да направат, можат да кажат дека сезоната им е успешна – а тоа е моќно оружје против било кој ривал.

Ситуацијата на Барса е поинаква затоа што со триумф, со кој ќе ја комплетира „двојната круна“, ќе има и доза на горчина поради шокантната елиминација од Ливерпул во полуфиналето на ЛШ, додека поразот би бил рамен на катастрофа. Факт е дека Меси и компанија се големи професионалци и мајстори на фудбалот, но прашање е во колкава мера психолошки заздравиле од дебаклот на „Енфилд“. Ако Ернесто Валверде на кого му се тресе столчето токму поради неуспехот во ЛШ, успеал да ја извлече екипата од емоционалниот крах, пехарот од Купот на кралот ќе заврши на „Ноу Камп“. Тоа никому не му тргнало од рака, но знаете како се вели: „На маката се познаваат јунаците“; Блауграна има напредок, без оглед на неколкуте повредени фудбалери, па очекуваме и единица.