Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ и Владимир Георгиевски веќе неколку дена се во Минхен, каде денеска ќе се одржи Генералното Собрание на ФИБА-Европа, на кое ќе се избира нов претседател.

Кандидати за оваа позиција се досегашниот лидер, Тургај Демирел, Генералниот секретар на Српскиот кошаркарски сојуз, Дејан Томашевиќ и Сирил Куманс.

Веќе и претходно пишавме, Антиќ својот глас најверојатно ќе го даде за својот голем пријател и поддржувач, Дејан Томашевиќ.