Бенфика прва помина низ целта во португалскиот шампионат, но нема да се бори за двојната круна. Во финалето на португалскиот Куп ќе играат Спортинг и Порто, кои на табелата завршија веднаш под лутиот ривал. Може да се каже дека овој меч ја дефинира сезоната и за едните и за другите. Ако трофејот се стави во витрините, тогаш годината може да се смета за успешна. Затоа постои голем мотив на двете страни, па е загарантирана добра фудбалска претстава.

Ова ќе биде и реприза на финалето на Лига купот, а интересно е што тој трофеј го однесе Спортинг и тоа по подоброто изведување на пеналите. Поглед на меѓусебните дуели не ни дава кристално јасна слика околу тоа кој би можел да биде во предност, бидејќи во последните пет натпревари по две победи забележаа и Порто, и Спортинг. Другата средба заврши без голови.

Генерално, мечевите на овие два клуба носат многу голови, но треба да се очекува добра борба. Може да не видиме голеада со оглед на важноста на натпреварот (0-2 или ШНС КТXvППX). Инаку натпреварот се игра во Оеирас (18.15 ч.) во близината на Лисабон.

ШКОТСКА – ФА куп (финале)

СЕЛТИК – ХАРТС

Селтик осми пат по ред го освои првенството на Шкотска. И третпат по ред го освои Лига купот. И реално е да го освои и ФА купот, исто така третпат по ред. Секоја чест на Хартс, но се знае кој е тука фаворит. Пред една недела во последното коло од првенството Селтик славеше со 2:1, што му беше четврта едноподруго победа во меѓусебните пресметки во сите конкуренции. На сите тие натпревари имаше 3+, па не би било лошо и сега да пробате со таа опција.

НОРВЕШКА 1

ВОЛЕРЕНГА – ЛИЛЕСТРЕМ

Волеренга многу добро го почна првенството, а на свој терен после четири натпревари има максимален ефект. Од друга страна, Лилестрем на гостувањата освои само два бода, па тука немаме никакви дилеми. Кецот комбинирајте го со 3+.

ШВЕДСКА 1

ХЕКЕН – ГЕТЕБОРГ

За Гетеборг ова е четврто дерби по ред, а на претходните три имаше победа и две ремија, меѓутоа второпласираниот Хекен му е градски ривал и не му лежи во последно време, па е можен било кој исход. Потпрете се на голови (ГГ, 1+I&1+II).

МАЛМЕ – АФЦ ЕСКИЛСТУНА

Без дилеми, ова е кец на денот. АФЦ Ескилстуна од сите гостувања досега се врати со празни раце, а ова веројатно е најтешкото и Малме нема да ја пропушти шансата да го преслуша повратникот и да се зацврсти на врвот. И КМБ 1&2-4 е солидна опција.