СЕХА-лига од следната сезона дефинитивно ќе има многу новитети. Секако на прво место се учесниците во ова натпреварување, покрај враќањето на Веспрем и учеството на кинескиот тим, и можното приклучување на грчки Олимпијакос, дебитантот Еурофарм Работник, местото на Железничар ќе го потполни друга екипа.

Станува збор за Металопластика од Шабац, по нерешените (28-28) со Војводина дојде до решавачкиот бод предност пред Железничар на табелата и следната сезона тие ќе бидат во СЕХА-лига.

Засега неизвесен е изгледот на составот на актуелниот првак и рекордер во регионалното натпреварување, Вардар. „Црвено-црните“ дури по завршување на Ф4 во Келн ќе имаат јасна слика за во иднина.