Струга Трим Лум денеска имаше многу причини за радост. Тимот за прв пат ќе игра во прволигашката конкуренција, а денеска за овој голем успех доби и пехар како шампиони на Втората лига запад, а најголемиот „подарок“ е играњето во „елитата“ следната сезона.

Струга Трим Лум во последното коло го совлада тимот на Лабуништа со 6:1. Лабуништа, пак, ќе игра бараж за пласман во Првата лига.

„Спортмедиа“ беше на прославата на Струга Трим Лум. Еве како изгледаше низ фотографии и низ видео: