Италијанската Фиорентина наскоро може да добиде нов газда. Роко Комисо би можел да стане нов сопственик на Фиорентина за 150 милиони долари. Човекот кон себе си се декласира како фан на Јувентус е сериозен да го купи клубот од Фиренца и така да влезе во италијанскиот фудбал. Овој бизнисмен во 2018 година се тркаше со Јонгхонг Ли да го купи Милан меѓутоа ја загуби трката.

А не знаеме како би реагирале навивачите на оваа информација. Тие се незадоволни од работењето на фамилијата Дела Вале поради неконкурентниот тим, а од друга страна како би прифатиле човек кој е навивач на Јувентус еден од најомразените ривали на Фиорентина.

Комисо има италијански корени, растел во регионот Калабрија, а татко му бил дрвосечач. Тој со својата фамилија пристигнал во Америка на 12 години. Во 2017 година тој го спаси Њујорк Космос од банкрот, но моментално клубот е во втората американска лига.

„Неколку пати се обидов да купам италијански клуб и секогаш без успех. Пред 17 години сакав да ја купам Сампдорија. Не се договоривме. Потоа ме повикаа од Рома да инвестирам во овој клуб но ги одбив. Ме бараа од Пескара, Палермо, Катанија и Реџина. А знаете зошто ги одбив нив? Затоа што сум навивач на Јувентус уште како мал кога играв фудбал на плажите во Калабрија. Еднаш се сретнав со Ањели, сопственикот на Јувентус, но на нив не им требаше мојата помош. Тие прераснаа во супер клуб и одат во вистинска насока. Сега сакам да му помогнам на италијанскиот фудбал. Би сакал да купам клуб и да инвестирам во него“, вели Комисио.