Англискиот премиерлигаш Челси ја одреди цената за својата ѕвезда Еден Азар, па кој сака да го купи ова лето ќе мора да го одврзе ќесето. Реал Мадрид е најзагреан да го види Белгиецот во своите редови, но „сините“ од „Стемфорд Бриџ“ сакаат најмалку 130 милиони фунти за него.

Наводно Реал бил спремен да го донесе Азар веднаш по финалето на Лига Европа во кое Челси игра па дури бил спремен да даде до 90 милиони фунти со оглед дека играчот има уште една година од договорот, но Челси се обидува да избоксува далеку повеќе. Според сегашната ситуација проблем се само 40 милиони фунти. Дали ќе се накој ќе попушти ќе видиме, важно е дека лондончани не сакаат така лесно да се откажат од својот најдобар фудбалер.