Ракометарите на Бутел ја забележаа најважната победа во дебитанската сезона. На едно коло до крајот обезбедија место во Европа, го совладаа Металург со 30-25 и се зацврстија на четвртата позиција на табелата.

Триумфот на домаќинот го обезбеди во второто полувреме, откако во првите 30. минути имаше негатива од 9-12.

Мајиќ со 11 гола и Печенковски 7 погодоци беа најефикасни кај Бутел, на другата страна Младеновиќ имаше четири гола.