Во драматичен и крајно неизвесен финиш на италијанската Серија „А“, заврши со „хепи-енд“ за Горан Пандев. Неговиот поранешен тим Интер, каде што ги мина најубавите години во кариерата, победи над Емполи, избори место во ЛШ, и што е најважно, му помогна на неговиот сегашен тим Џенова да опстане во Серија „А“.

Интер најпрво водеше над Емполи со голот на Балде, а потоа Траоре израмни, но Наинголан донесе водство, и на крајот победа во драматична завршница, затоа што Емполи имаше две супер шанси, и два пати интервенираше Хандановиќ.

Милан победи на гости кај Спал, но тоа не го однесе во ЛШ, затоа што и Аталанта го совлада составот на Сасуоло со 3:1. Така Јувентус, Наполи, Аталанта и Интер ќе одат во ЛШ.

Џенова, пак, како што најавивме опстана благодарение на победата на Интер над Емполи. Ако не се случеше тоа, сега тимот на Пандев ќе беше веќе во Серија „Б“. Вака Интер му овозможи радост на капитенот на македонската репрезентација, и веројатно уште една сезона во најелитната италијанска лига.

СЕРИЈА „А“ – РЕЗУЛТАТИ 38. КОЛО

Торино – Лацио 3:1

Сампдорија – Јувентус 2:0

Рома – Парма 2:1

Аталанта – Сасуоло 3:1

Каљари – Удинезе 1:2

Фиорентина – Џенова 0:0

Интер – Емполи 2:1

Спал – Милан 2:3

Болоња – Наполи 3:2

Фросиноне – Киево 0:0

ТАБЕЛА: