Претпладнево, на теренот на „Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје, се одиграа финалните натпревари од Детска Лига. Вардар од можни шест беше прв во три. Вардарци беа први во категоријата на деца родени 2006 година, потоа 2007 и 2008. ФК Прилеп беше прв за 2009 година а А. Пандев за 2010, додека Њу Старс за 2011 година.

Индивидуалните признанија ги понесоа следните играчи:

2006 – Најдобар Стрелец: Алтин Алију (Вардар); Најдобар Голман: Андреј Данстак (Вардар)

2007 – Најдобар Стрелец: Марко Блажевски (Кул); Најдобар Голман: Антонио Пишевски (Вардар)

2008 – Најдобар Стрелец: Дитмир Хоџа (Јанг Тим); Најдобар Голман: Лука Грчевски (Вардар)

2009 – Најдобар Стрелец: Јоаким Ѓорѓиев (Постолов); Најдобар Голман: Петар Талевски (Прилеп)

2010 – Најдобар Стрелец: Ерхан Цома (Јанг Тим); Најдобар Голман: Евгенија Велјановска (Биџо)

2011 – Најдобар Стрелец: Енез Ферати (Њу Старс); Најдобар Голман: Лука Марковски (Њу Старс)

На големо задоволство на добитниците на наградите за најдобри стрелци, истите им беа доделени од страна на репрезентативците на Македонија Александар Трајковски и Кире Маркоски. Сите добитници на наградите за најдобар голман, истите ги примија од тренерот на голманите во нашата најдобра селекција Гого Јовчев.

Пехарите за најдобрите четири екипи во сите шест категории беа доделени од нашата легенда Кочо Димитровски и Дени Масев.