По една година пауза, Веспрем се врати на тронот во унгарскиот шампионат. По убедливата победа на првата финална пресметка против Пик Сегед од 11 гола, тимот чиј дел е македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков денеска имаше лесна задача.

По елиминацијата од Вардар во четвртфиналето, Пик Сегед забележа голем пад, а за тоа говори и вториот дуел со Веспрем, не успеа да слави на домашен терен, мечот заврши без победник 27-27 (14-14).

Во составот на новиот првак го немаше Манасков, засега нема информации зошто Давид Дејвис не сметаше на неговите услуги. Дали станува збор за повреда или пак претпазливост пред најважната битка, фајнл-фор завршницата во Келн.

Штрлек со шест гола беше најефикасен, еден гол помалку имаше Нилсон.