Тренерот на Џенова, Чезаре Прандели, вечерва ќе се потпре на искуството и квалитетот на нашиот репрезентативен капитен Горан Пандев во клучниот меч за опстанок во Серија А лигата на гостувањето кај Фиорентина. Според информацијата на тиражните италијански весници, Прандели веќе го има одредено стартниот состав за вечерашното гостување во Фиренца, а Горан Пандев ќе биде предводник на нападот на џеновјаните.

Според најавите на „Газета дело Спорт“, Џенова вечерва на „Артемио Франки“ ќе почне во формација 4-4-2 со Пандев и Куаме во нападот. На коло пред крајот на шампионатот во Серија А, Џенова е на 18. место со бод помалку од Емполи кој е во сигурната зона. Емполи вечерва гостува кај Интер на кого му се потребни трите бода, па со евентуален пораз на Емполи во Милано и победа на Џенова во Фиренца, Пандев и неговите соиграчи ќе можат да изборат опстанок.