Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, поставил ултиматум до сите фудбалери на тимот во пресрет на кусата летна пауза. Тој во соблекувалната на последниот состанок со тимот лично им се обратил на фудбалерите, особено на оние кои имаат прекумерна тежина, дека ако не успеат да симнат некој килограм најдобро ќе биде уште летово да си ги спакуваат куферите. Истото важи и за оние кои на претсезонските подготовки ќе се појават со зголемено стомаче.

„Црвените ѓаволи“ ја почнуваат подготовката за новата сезона на 1 јули. Норвежанецот им даде летен одмор на фудбалерите од 50 дена, но тоа во никој случај не треба да биде предуслов тие да ја загубат својата форма и да качат некој килограм повеќе. Солскјер бил категоричен дека сите кои ќе се појават со непрописна тежина или ќе бидат продадени или ќе бидат дадени на позајмица.

Тренерскиот тим кој работи со норвешкиот стратег веќе изготвил летна шема за исхрана за секој фудбалер одделно.