Каков крај на сезоната за Пик Сегед. Мај 2019 година дефинитивно ќе биде запаматен како еден од најлошите месеци во историјата на овој клуб.

Избраниците на Хуан Карлос Пастор одлично ја почнаа сезоната, составија тим за големи цели, но на крајот завршија трагично, ги загубија главните битки на домашен терен.

Онаа пеколна атмосфера која можат да ги направат фановите на Пик Сегед не беше доволна. На стартот на овој месец, поточно на шетти мај Вардар го најави дебаклот, успеа да ја одбрани позитивата од осум гола и да се пласира на фајнл-фор завршницата во Келн. Имавме можност да го видиме разочарувањето на фановите, дел од нив со солзи ја напуштија салата.

Веруваме дека и вечерва не беше поразлично. Веспрем на Дејан Манасков токму во Сегед го подигна шампионскиот пехар, а навивачите одново останаа со празни раце.

Судбина, не можеш против неа…