Масимилијано Алегри најави дека не брза со потрагата по нов клупски ангажман по завршувањето на соработката со Јувентус. Италијанскиот стратег, кој е поврзуван со Челси и Баерн Минхен дури најави дека размислува да направи едногодишна пауза.

„Кога ќе има можност ќе се вратам на клупата, во спротивно ќе одморам една година. Ако имам простор да бирам, ќе го одберам тимот што го сакам. Конкретни понуди? Немам се уште! Нема сега поента да се зборува за иднината„ – изјави Алегри.