И официјално се знаат датумите за двата бараж меча за пласман во Првата лига. Првиот натпревар, оној меѓу Тиквеш и Лабуништа е закажан за 2 јуни, а ќе се игра на стадионот во Ѓорче Петров, почетокот е закажан за во 16:30 часот.

И од двете страни се најавува организиран автобуски превоз, значи се очекува да има доста публика. Победникот од овој двомеч, во кој играа вторите екипи во Втората лига – Исток и Втората лига – Запад, на 5 јуни се среќава со Силекс и овој меч најверојатно се игра во Ѓорче. Е кој ќе излезе како победник од овој втор бараж следната сезона ќе се натпреварува во елитната лига на Македонија.