Подвиг на Вила – беа на 15 место во октомври, го донесоа Дин Смит, Ричард О’Кели и Џон Тери на клупата и успеаа да ја спасат сезоната – со пласман во најсилната англиска лига

Премиерлигата повторно ќе се гледа во Бирмингем, откако славната Астон Вила (седумкратен англиски првак) успеа да избори место во елитата по триумфот над Дерби Каунти во финалето на плеј-офот на „Вембли“. Вила и Дерби се најдоа во клинч во највредниот меч во историјата, а тимот од Бирмингем лесно го совлада противникот со 2:1 и избори место во Премиер лигата после три години.

Вила водеше со 2:0. Резултатот го отвори Ел Гази во 44 минута на асистенција на Елмохамади, а во 59. минута шкотскиот играч за врска Џон Мек Гин ја искористи лошата проценка на гостинскиот голман и ја смести топката во мрежата.

Дерби во финишот се обиде да го стигне резултатот. Во 82 минута, херојот од полуфиналето Џек Мериот погоди и му даде надеж на Дерби. Останаа уште петнаесеттина минути со судиското продолжение и надеж за „овните“ дека можат барем до продолженија но тоа не се случи.

Астон Вила слави победа и ќе добие вкупно 170 милиони фунти како бонус поради учеството во најсилната англиска лига идната сезона.

Да постетиме лани Астон Вила го загуби финалето од Фулам, но оваа година не ја повтори грешката. Победи и се врати таму каде што му е местото.

Нивниот тренер Дин Смит првпат во третиот обид се пласира во Премиер лигата. Првпат како менаџер на некој клуб, а претходно како играч на Лејтон Ориент двапати губеше во финалињата во 1999 и 2001 година.

Дерби не успеа да избори пласман во Премиер лигата после 11 години.

БЕА НА 15-МЕСТО, ПА ДОЈДЕ СМИТ КОЈ ГИ СВРТЕ РАБОТИТЕ

Астон Вила имаше бавен старт да не кажеме катастрофален. Во октомври минатата година беа дури на 15-тото место, а потоа раководството реши да го донесе Дин Смит, а за помошници да ги назначи Ричард О’Кели верниот соработник на Смит, како и легендата на Челси Џон Тери кој се пензионира за да работи како помошник на „Вила Парк“.

Тогаш тргна работата. Тимот врза 10 едноподруго победи, па дури беше во игра за директен пласман во Премиер лигата. Мораше да се задоволи со плеј-офот, а во полуфиналето го исфрли Вест Бромич Албион (во два меча), а сега победи во финалето.

Да потсетиме од формирањето на Премиер лигата во 1992 година, Астон Вила беше редовен член се до крајот на сезоната 2015/16 кога испадна во Чемпионшип. По три сезони во вториот ранг успеа да се врати во елитата.